Очекувањата на германските извозници остро се влошиле во април, главно поради неизвесноста предизвикана од промените во царинската политика и трговските тензии, според истражувањето на институтот ifo.
Индексот на ifo, кој ги мери очекувањата на извозниците, падна во април за 7,6 поени, на минус 9,8 поени, што е најниско ниво од финансиската криза во 2007 година, ако се исклучи екстремниот пад во мај 2020 година, првата година од пандемијата на коронавирусот.
„Царинскиот конфликт со Соединетите американски држави ја згасна надежта дека бизнисот на извозниците ќе се опорави“, изјави раководителот на истражувачкиот оддел на Институтот ifo, Клаус Волрабе.

Многу е тешко да се предвиди што навистина ќе се случи следно со царинските давачки и ова веројатно ќе ја направи ситуацијата уште полоша, додаде Волрабе.
Очекувањата на извозниците се намалија во речиси сите сектори, покажа истражувањето. Надежите на производителите на автомобили за закрепнување целосно исчезнаа, при што индикаторот падна за 11,8 поени, на минус 13,7 поени.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 проценти за увоз на автомобили, а на почетокот на мај се очекува САД да воведат и царини од 25 проценти за увоз на автомобилски делови.
Во секторот за машинско инженерство, индексот падна за околу 16 поени, на минус 10 поени.
Очекувањата во хемиската индустрија исто така значително се влошија, при што индексот падна на минус 4,4 поени.
Само извозниците на пијалоци се пооптимисти, чиј индекс скокна за осум поени на 32,4 поени.
Германските извозници на пијалоци главно испорачуваат производи во рамките на Европската унија, па затоа трговската војна што ја започнаа САД ги погодува во помала мера, објасни Волрабе.
Сепак, уделот на овој сектор во германскиот извоз е многу мал во споредба со машинската и автомобилската индустрија, забележува агенцијата dpa.
Слични новости
ММФ: Светската економија е во клучна фаза по растот на трговските тензии
Меѓународниот монетарен фонд објави дека светската економија е во клучна фаза, затоа што по неколку години трговските тензии нагло пораснаа, зголемувајќи ја економската неизвесност, нестабилноста на пазарите и ризиците во однос на стопанскиот раст и финансиската стабилност.
Доларот благо зајакна, цените на нафтата во пораст
Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската валута во однос на шесте најважни валути, достигна ниво од 99,78 поени, во споредба со вчерашните 99,70 поени во истиот период од денот.
Кина ги иззема авионските мотори од царините за американски производи
Кина ги ослободи млазните мотори за авиони од царините за увоз од САД, изјави во петокот шефот на француската компанија „Safran“, која ги произведува во соработка со американската „GE Aerospace“