Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат.
Мицкоски нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите кои што ќе ги користат.
„Што се однесува до капацитетот дали ќе се исцрпат, не знам. Јас сакам да има многу бизнис идеи, но тоа зависи од претприемачите, од економијата и не зависи од Владата. Ние сме тука да го помагаме и да бидеме нивен партнер и да го поддржуваме работењето“, изјави Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања по ставање камен темелник за изградба на трговски центар во општина Гевгелија, Мицкоски рече дека средствата од Унгарскиот креди ќе може да се користат и за ваков тип на инвестиции, но до границата од 10 милиони евра.
За тоа дали е можно ако остане дел од средствата од овој кредит да бидат наменети за АД ЕСМ, со оглед дека земаат кредити со повиоски камати, Мицкоски рече дека „начинот и земањето на кредитите имаат друга цел и намена“.
„Како Влада, наша цел е сето тоа да се консолидира и предвреме да биде отплатено, така што да немаме големи трансфери на средства за повисоки камати. Мислам дека веќе во 2026 година, според планот, кој што го разработивме со раководството на АД ЕСМ, веќе ќе можеме да зборуваме за компанија која што од 200 милиони евра во минус, ќе дојде на позитивна нула“, рече Мицкоски.
Мицкоски, уште еднаш посочи, дека целта е годинава да биде забележана бројка на инвестиции од една милијарда евра, со што, како што нагласи, ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.
Слични новости
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Катар нема да испорачува гас во ЕУ доколку биде казнет според новата директива
Катар ќе престане да испорачува гас во Европската унија доколку земјите-членки строго го спроведат новиот закон за сузбивање на принудната работа и штетите врз животната средина
Доларот зајакна во однос на кошницата валути трета седмица со ред, еврото ослабна
На девизните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна минатата седмица, третпат со ред, бидејќи американската централна банка соопшти дека има намера да го забави темпото на олабавување на монетарната политика