Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат.

Мицкоски нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите кои што ќе ги користат.

 

„Што се однесува до капацитетот дали ќе се исцрпат, не знам. Јас сакам да има многу бизнис идеи, но тоа зависи од претприемачите, од економијата и не зависи од Владата. Ние сме тука да го помагаме и да бидеме нивен партнер и да го поддржуваме работењето“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по ставање камен темелник за изградба на трговски центар во општина Гевгелија, Мицкоски рече дека средствата од Унгарскиот креди ќе може да се користат и за ваков тип на инвестиции, но до границата од 10 милиони евра.

За тоа дали е можно ако остане дел од средствата од овој кредит да бидат наменети за АД ЕСМ, со оглед дека земаат кредити со повиоски камати, Мицкоски рече дека „начинот и земањето на кредитите имаат друга цел и намена“.

„Како Влада, наша цел е сето тоа да се консолидира и предвреме да биде отплатено, така што да немаме големи трансфери на средства за повисоки камати. Мислам дека веќе во 2026 година, според планот, кој што го разработивме со раководството на АД ЕСМ, веќе ќе можеме да зборуваме за компанија која што од 200 милиони евра во минус, ќе дојде на позитивна нула“, рече Мицкоски.

Мицкоски, уште еднаш посочи, дека целта е годинава да биде забележана бројка на инвестиции од една милијарда евра, со што, како што нагласи, ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.

globe

Слични новости

Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил „чист како солза“

Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил „чист како солза“

Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза. Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност, порача премиерот Христијан Мицкоски

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање

Европското производство на батерии за автомобили треба да се потпира на Кина

Европското производство на батерии за автомобили треба да се потпира на Кина

Финансискиот колапс на шведскиот „Northvolt“ не го уништи целосно европскиот сон за развој на сопствени батерии за електрични возила, но за да го исполни веројатно ќе треба да се потпре на кинески инвестиции и експертиза