Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, холивудска двојка која со години го привлекува вниманието на јавноста, официјално стави крај на бракот. Врховниот суд во Лос Анџелес го потврди нивниот развод на 6-ти јануари, а одлуката стапи во сила на 21-ви февруари.
Џенифер и Бен постигнаа договор со посредство уште во септември минатата година, со што ја избегнаа долгата судска битка низ која поминаа некои други познати парови. Џенифер Лопез претходно го отстрани презимето Афлек.

Иако финансиските детали не се целосно обелоденети, познато е дека ниту еден од нив нема да плати брачна издршка. Бидејќи немале деца заедно, прашањето за старателството не било на дискусија.
Двојката се венчаше во јули 2022 година, но Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, наведувајќи дека се разделиле повеќе од една година порано.
Нивната љубовна приказна имаше турбулентен тек – тие првпат беа свршени во раните 2000-ти, но раскинаа во 2004 година поради притисокот на јавноста. Дваесет години подоцна се обединија и се венчаа, но и овој пат врската не траеше.
Бен Афлек претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца. Џенифер Лопез се мажеше четири пати и има близнаци од врската со пејачот Марк Ентони.
Слични новости
Следната недела премиерата на „Црната торба“ шпионски трилер на Стивен Содерберг
Шпионскиот трилер „Црната торба“ на Стинен Содерберг во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбиндер и Кејт Балншет ќе ја има светската премиера на 14 март.
Парамаунт сака да сними биопик за Евил Каневил со Леонадро ДиКаприо и Едријан Броди
Студиото Парамаунт се обидува да обезбеди врвен каст со оскаровците Леонардо ДиКаприо и Едријан Броди за биопикот што сака да го снима за моторџијата Евил Каневил
Шон Диди Комбс се соочува со нови обвинувања пред судењето во мај
Хип хоп пејачот Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија во кои се наведува дека тој ги принудувал вработените да работат дополнителни работни часови под закана, како и дека принудил најмалку една вработена да се впушти во сексуални односи со него