Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, холивудска двојка која со години го привлекува вниманието на јавноста, официјално стави крај на бракот. Врховниот суд во Лос Анџелес го потврди нивниот развод на 6-ти јануари, а одлуката стапи во сила на 21-ви февруари.
Џенифер и Бен постигнаа договор со посредство уште во септември минатата година, со што ја избегнаа долгата судска битка низ која поминаа некои други познати парови. Џенифер Лопез претходно го отстрани презимето Афлек.

Иако финансиските детали не се целосно обелоденети, познато е дека ниту еден од нив нема да плати брачна издршка. Бидејќи немале деца заедно, прашањето за старателството не било на дискусија.
Двојката се венчаше во јули 2022 година, но Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, наведувајќи дека се разделиле повеќе од една година порано.
Нивната љубовна приказна имаше турбулентен тек – тие првпат беа свршени во раните 2000-ти, но раскинаа во 2004 година поради притисокот на јавноста. Дваесет години подоцна се обединија и се венчаа, но и овој пат врската не траеше.
Бен Афлек претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца. Џенифер Лопез се мажеше четири пати и има близнаци од врската со пејачот Марк Ентони.
Слични новости
Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка
„Мики 17“, новиот филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, кој го освои Оскар за најдобар филм со „Паразит“ во 2020 година, е водечки во северноамериканскиот бокс офис овој викенд, според проценките објавени во неделата од специјализираната фирма Exhibitor Relation
Дрогата ја предизвика смртта на Лијам Пејн, вели близок пријател
Дрогата била главната причина за смртта на поранешната ѕвезда на One Direction, Лиам Пејн, според близок пријател кој минатиот месец беше ослободен од обвиненијата за вмешаност во смртта на пејачот
Џон Гудман се повреди на снимањето на филмот на Александро Инариту
Филмот што Инариту го снима за студијата Ворнер Брос и Леџендари е првиот што Инариту го снима на англиски јазик по Оскаровецот „Ревенант“. Главната улога во филмот ја толкува Том Круз.