Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, холивудска двојка која со години го привлекува вниманието на јавноста, официјално стави крај на бракот. Врховниот суд во Лос Анџелес го потврди нивниот развод на 6-ти јануари, а одлуката стапи во сила на 21-ви февруари.
Џенифер и Бен постигнаа договор со посредство уште во септември минатата година, со што ја избегнаа долгата судска битка низ која поминаа некои други познати парови. Џенифер Лопез претходно го отстрани презимето Афлек.

Иако финансиските детали не се целосно обелоденети, познато е дека ниту еден од нив нема да плати брачна издршка. Бидејќи немале деца заедно, прашањето за старателството не било на дискусија.
Двојката се венчаше во јули 2022 година, но Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, наведувајќи дека се разделиле повеќе од една година порано.
Нивната љубовна приказна имаше турбулентен тек – тие првпат беа свршени во раните 2000-ти, но раскинаа во 2004 година поради притисокот на јавноста. Дваесет години подоцна се обединија и се венчаа, но и овој пат врската не траеше.
Бен Афлек претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца. Џенифер Лопез се мажеше четири пати и има близнаци од врската со пејачот Марк Ентони.
Слични новости
Пет големи рекорди кои би можеле да бидат соборени на Оскарите
Вечерва ќе се одржи 97. доделување на најпрестижните филмски наград – Оскарите, ноќ за која се очекува да биде исполнета со изненадувања, страсни говори и вирални моменти кои ќе доминираат со седмици
Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards
Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон
Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон
Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,