Рускиот хокеар Александар Овечкин стана првиот НХЛ играч кој дојде до остварувањето од 900 гола во Северноамериканската хокеарска лига во средата, во победата на негвотеи Вашингтон Капиталс над Сент Луис Блуз со 6:1.

„Навистина е кул да се биде прв што го постигнал ова. Тоа е одличен момент“, коментираше 40-годишникот, кој одигра 1.504 натпревари во НХЛ.

Кога го постигна историскиот погодок на 2,39 од вториот период против Блуз, публиката се крена како еден, а сите негови соиграчи истрчаа на мразот за да слават со него додека конфети паѓаа на лизгалиштето.

Најдобриот стрелец на лигата на сите времиња не можеше да избере омилен гол. „Секој гол е толку тежок за постигнување, што не можам да издвојам ниту еден“, рече тој.

Овечкин стана најдобар стрелец на НХЛ на сите времиња минатата сезона, надминувајќи го претходниот рекорд од 894 гола што го држеше канадската легенда Вејн Грецки.

globe

Слични новости

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон