Судот во Лос Анџелес ја отфрли тужбата за сексуален напад поднесена против актерот Вин Дизел од неговата поранешна асистентка Аста Џонасон.
Судијата пресуди дека законот на Калифорнија не може да се примени на наводниот инцидент што се случил во 2010 година во Џорџија, пишува„Варајати“.
Џонасон ја поднесе тужбата во 2023 година, тврдејќи дека Вин Дизел ја злоставувал во хотелски апартман во Атланта за време на снимањето на „Брзи и бесни 5“. Во тужбата, таа тврди дека актерот ја турнал на ѕид и мастурбирал пред неа.
Според нејзините тврдења, Дизел ја поканил во својот стан, ја принудил да легне на креветот, а откако таа избегала, тој ја турнал на ѕидот, се обидел да ѝ ја соблече долната облека и ја принудил да ги допира неговите гениталии. Џонасон, исто така, рече дека само неколку часа по инцидентот, сестрата на Дизел ѝ рекла да даде отказ по телефон, по само девет дена на работа.
Судијата Даниел М. Кроули претходно отфрли четири од десетте точки од тужбата поради застареност, а преостанатите шест поради недостаток на надлежност.
Слични новости
Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели
Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација
Основачот на швајцарската група за право на смрт почина со асистирано самоубиство
Шефот на швајцарската организација за право на смрт Dignatis почина со потпомогнато самоубиство, соопшти групата во неделата
Почина британскиот драматург Том Стопард
Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти


