Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.
„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година