Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.

Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.

Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

 

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.

О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.

Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.

globe

Слични новости

Хрватска за прв пат во историјата не успеа да се квалификува за Европското првенство во кошарка

Хрватска за прв пат во историјата не успеа да се квалификува за Европското првенство во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Хрватска за прв пат во својата историја не успеа да се квалификува на Европското првенство во кошарка, откако на свој терен во квалфикациите во Задар загуби од репрезентацијата на Франција со 83:80.