Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Гвардиола ќе се ослободи од осум играчи кои беа столбот на Сити
Манчестер Сити има намера да стави осум играчи на трансфер листата во претстојниот летен преоден рок, објавија британските медиуми
Лејкерс победија во Денвер предводени од Дончиќ
Лука Дончиќ постигна 32 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс постигна 25 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Нагетс со 123:100 на гости и ја прекина серијата на Денвер од девет победи
Ла Лига: Олмо и Феран Торес за три бода за Барселона
Фудбалерите на Барселона многу потешко од очекуањата го совладаа Лас Палмас со 2:0 на гостински терен во последниот саботен натпревар во рамките на25. коло од шпанската Ла Лига, враќајќи се на врвот на табелата