Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.

Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.

Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

 

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.

О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.

Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.

globe

Слични новости

Сержио Консесисао останува тренер на Милан и покрај слабите резултати

Сержио Консесисао останува тренер на Милан и покрај слабите резултати

Минатата недела Милан беше елиминиран од Фејенорд во Лигата на шампионите, а потоа во домашното првенство загубија и од Торино со 2:1 што ги отвори разговорите за можно заминување на португалскиот тренер од Сан Сиро.

Кристал Палас – Астон Вила 4:1

Кристал Палас – Астон Вила 4:1

Фудбалерите на Кристал Палас убедливо ја совладаа Астон Вила со 4:1 на својот „Селхарст Парк“, во натпреварот од 27. коло на англиската Премиер лига