Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Куп на Италија: Емполи го елиминираше Јувентус по пенал-рулетот
Во последниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија, фудбалерите на Емполи го совладаа Јувентус во Торино по изведувањето пенали со вкупен резултат 5:3
Ливерпул сѐ посигурен во трката по титулата, победи на тандемот од Манчестер
Фудбалерите на Ливерпул забележаа нова победа во англиската Премиер лига, совладувајќи го Њукасл со 2:0 на својот „Енфилд“ во натпреварот од 27. коло
Реал Мадрид летово мора да донесе стопер, Брантвејт е главен кандидат
Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми