Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
НБА: Пораз на Вориорс, Детроит се врати на победите
Квентин Грајмс постигна рекордни во кариерата 44 поени, со шут 18 од 24, додека Филаделфија 76ерс ја прекинаа серијата од девет порази со победата од 126:119 на домашен терен над Голден Стејт Вориорс
Македонските каратисти со 11 медали стартуваа на Балканското првенство
Македонските каратисти денеска ги очекува настап на тимовите во борба за мажи и жени, како и настап на женскиот ката тим, на вториот ден од Балканското сениорско првенство
Јокиќ со нов трипл дабл го предводеше Денвер во победа на гостувањето во Детроит
Најдобар поединец на натпреварот беше МВП-то на НБА Никола Јокиќ кој постигна 23 коша, 17 скокови и 15 асистенции. Ова беше 27 трипл-дабл учинок на Јокиќ во сезонава