Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Лејкерс подобри од Клиперс во дербито на Лос Анџелес
Лос Анџелес Клиперс се поразени во градското дерби во кое Лејкерс беа подобри од нив со 108:102. Клиперс беа предводени од Кави Ленард со рекордни за сезоната 33 поени и 10 скока, Крис Дан додаде 15 поени за Клиперси кои загубија по петти пат во шест натпревари
НБА лига: Бостон подобар од Денвер
Во неделниот натпревар од НБА лигата, Бостон го совлада Денвер со 110:103, со што се зацврсти на второто место во Источната конференција
Олимпијакос го доби дербито со АЕК, навивачки пресметки
Во дербито од 25. коло на грчкото фудбалско првенство, Олимпијакос на гости го совлада АЕК со гол 1:0 во судиското надополнување