Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати, соопштија од клубот од стадионот „Молине“.
Вондерерси ги загубија последните четири натпревари, а дури 11 во 16 кола сезонава, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Саутемптон.
Примија и 40 гола, веројатно најмногу од сите клубови оваа сезона во Премиер лигата.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме нему и на неговиот тим многу среќа во иднина“, соопштија од клубот.
О’Нил го предводеше Вулверхемптон од август минатата година, постигнувајќи 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.
Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер Сити и Ерик тен Хег во Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Кошркарот на Далас Кајри Ирвинг успешно опериран
Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто и ги скина предните лигаменти на левото колено. Оваа сезона во НБА лигата имаше просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Џесика Пегула и Арина Сабаленка во женското финале на Мастерсот во Мајами
Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами откако утринава во полуфиналето ја победи Филипинката Александра Ијала со 2:1 во сетови ( 7:7, 5:7, 6:3). Пегула која е четврта тенисерка на светот се намачи во меч што траеше два и пол часа против Филипинката Ијала која е 140 -та на ВТА листата.
Џош Гиди со кош од половина терен во последната секунда му донесе победа на Чикаго против Лејкерс
Во последниот напад за Лејкерс Остин Ривс постигна кош на 3 секунди пред крајот, Чикаго немаа тајм аут и ја изведоа топката од под кошот до Гиди кој од сопствената половина постигна тројка во последната секунда од мечот за победа на Булс.