Јужнокорејските истражители во неделата го обвинија отповиканиот претседател Јун Сук-јеол дека водел бунт со кусото воведување вонредна воена состојба на 3-ти декември, соопшти главната опозициска партија.

Ова обвинение е без преседан за јужнокорејски претседател. Доколку биде прогласен за виновен, на Јун му се закануваат години затвор поради изненадувачкото прогласување на вонредната воена состојба со што се обиде да ги забрани политичките и парламентарните активности и да ги контролира медиумите, според одредбите за воведувањето таква состојба во земјата.

Неговиот потег политички ја потресе четвртата по големина азиска економија, најголемиот воен сојузник на САД во азиско-пацифичкиот регион. Поради настаните на тој ден беа отповикани премиерот и голем број високи воени функционери.

 

Информациите за обвинението ги пренесуваат и јужнокорејските медиуми, но обвинителството сѐ уште не го коментирало.

Процесуирањето на притворениот Јун, кој беше отповикан во парламентот и суспендиран од функцијата на 14. декември, беше предложено од антикорупциските истражители.

И самиот поранешен државен обвинител, Јун е во самица откако стана првиот претседател во Јужна Кореја кој беше уапсен на функцијата на 15. јануари. Викендов судот одби две барања на обвинителите за продолжување на неговиот притвор за понатамошна истрага, но по покренувањето на обвинението тие поднеле ново барање, јавуваат медиумите.

Адвокатите на Јун бараат ослободување на нивниот клиент од, како што го нарекуваат незаконскиот притвор.

Бунт против државата е едно од ретките обвиненија што не му обезбедува имунитет на претседателот според јужнокорејскиот закон. Се казнува со доживотен затвор или со смрт, иако Јужна Кореја не погуби никого со децении.

„Обвинителството одлучи да го обвини Јун Сук јеол за водење бунт“, рече Хан Мин-су, портпарол на опозициската Демократска партија.

Јун и неговите адвокати на сослушувањето во уставниот суд минатата седмица тврдеа дека тој никогаш немал намера целосно да воведе вонредна состојба, туку ги планирал мерките само како предупредување за надминување на политичкиот ќорсокак.

Покрај кривичното судење, тој суд ќе одлучи и дали целосно да го отстрани Јун од претседателската функција или да му ги врати претседателските овластувања. Има 180 дена да го стори тоа.

Парламентот на Јужна Кореја предводен од опозицијата го отповика Јун на 14 декември, што го прави вториот конзервативен претседател што го сторил тоа.

Јун ја повлече својата итна наредба по шест часа, откако пратениците, и покрај војската во парламентот, гласаа против декретот.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Прекинот на подводниот кабел со оптички влакна меѓу Латвија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави во понеделникот шведскиот обвинител задолжен за случајот, со што ја поништи заплената на осомничениот брод