Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.
Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.
Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.
Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока.
Слични новости
Германија и Србија сакаат да соработуваат во експлоатацијата на литиумот
Германскиот канцелар Олаф Шолц и српскиот претседател Александар Вучиќ се сретнаа во вторникот во германскиот град Фрајберг, каде беа информирани за можностите за одржлива експлоатација на литиум
Логотетис: Се замрзнува издавањето одлука по барањето на азил во Грција за сириските бегалци
По последните случувања во Сирија, Грција го замрзнува издавањето одлука по барањето за азил за сириските бегалци, соопшти генералниот секретар од Министерството за миграција и азил Манос Логотетис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и посочи дека во земјата има над 8.000 Сиријци баратели на азил
Во петок земјите-членки на ЕУ уште еднаш ќе разговараат за отворање на Кластерот 3 во преговорите со Белград
Во петок, на 13 декември, на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер II), земјите-членки на ЕУ треба повторно да разговараат за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори со Србија