Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.

 

Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.

Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.

Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока. 

globe

Слични новости

Вучиќ: Утре ќе биде објавена целата постоечка документација за падот на настрешницата во Нови Сад

Вучиќ: Утре ќе биде објавена целата постоечка документација за падот на настрешницата во Нови Сад

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до утре напладне ќе биде објавена целата документација што ја добило обвинителството во врска со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, со што, како што рече, ќе се исполни главното барање на студентите кои ги блокираат факултетите.

Под бокада се 40 факултети во Србија

Под бокада се 40 факултети во Србија

Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од професорите и ректорските колегиуми, како и со поддршка од граѓанското општество

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Адвокатите во Србија денеска ја прекинаа работата поради незаконскиот начин на донесување и усвојување измени на Кривичниот законик, без соодветно учество на правната професија, селективно гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, како и селективно гонење на учесниците на протестите во тој град, јавија српските медиуми