Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.
Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.
Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.
Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока.
Слични новости
Бугарија и Романија од 1 јануари ќе бидат полноправни членки на Шенген зоната
Унгарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека министерите за внатрешни работи на ЕУ ја усвоија оваа одлука, оценувајќи дека станува збор за голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа.
Болтон: Со враќањето на власт на Трамп може да се врати и опцијата на размена на територии меѓу Приштина и Белград
Тој рече дека за размена на територии ќе биде потребна подготвеност на Белград и Приштина, но смета дека такво решение би претставувало голема опасност за другите земји во регионот.
Албанија: По три години правна битка, Сали Бериша запишан во судскиот регистар како претседател на ДП
По битката за печатот и логото, Сали Бериша сега и официјално е запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија.