Две лица од Ново Село на возраст од 30 и 35 години се гонат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” .
Во сокриен дел од парцела во селото Секирник Струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис.
Тие во полиција признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана.
Одземени се повеќе стебла со вкупна тежина од околу 680 килограми канабис.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
