Тензиите на Блискиот Исток и прекините во транспортот низ Ормускиот теснец создаваат сериозен притисок врз глобалниот авиосообраќај.

Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.

Според меѓународната енергетска агенција, Европа има резерви на керозин за околу шест недели, што значи дека веќе во мај може да има откажувања на летови доколку кризата продолжи.

Анализите покажуваат дека глобалниот авиокапацитет за мај е намален, а индустријата се подготвува за дополнителни кратења доколку состојбата не се стабилизира.

 

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.