По одржаниот четириесетдневен помен по неговата смрт, Синодот на Албанската автокефална црква го отвори тестамент на архиепископот Анастас Јанулатос.
„Во тестаментот стои дека сите негови финансиски заштеди како архиепископ и припаѓаат на Албанската црква. Половина од нив да бидат потрошени во завршувањето на катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана, додека остатокот да се користи за поддршка на платите на свештениците и за развој на црковните младински програми на албанската црква“, објави Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) на официјалната страна на Facebook.
Книгите, чиј автор е тој треба да се предадат на библиотеката на Православната богословска академија „Воскресение Христово“, а дел од нив, симболично, да им бидат подарени на други митрополити.

Книгите издадени во Атина се донирани на библиотеката на Центарот „Порефтентес“, кому му ги префрла и авторските права од продажбата на негови книги.
Архиепископот Анастасиос почина на 25.јанаури во болницата „Евангелизам“ во Атина, каде што се лекуваше од 3. јануари. На 30. декември беше превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3. јануари во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина.
Роден е на 4, ноември 1929 година во Пиреја. За архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, како што беше неговата титула, беше избран во јуни 1992 година, кога во исклучително тешки околности ја основа и ја разви автокефалната Албанска православна црква, која беше целосно запоставена во децениите на комунистичкиот режим.
Анастасиос, кој беше архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија и исто така поглавар на Автокефалната православна црква на Албанија, почина на 25 јануари во Атина. Тој имаше 95 години.
Сите форми на религија беа забранети во Албанија 23 години од 1967 година, кога земјата беше целосно изолирана од надворешниот свет. Комунистите го експроприраа и имотот на воспоставените исламски, православни, католички и други религии. Анастасиос ја водеше црквата откако ја обнови во 1991 година.
Анастасиос беше фален за обновата на црквата од темел, изградбата на стотици цркви, основањето образовни и добротворни институции и образованието на новата генерација свештенство.
Според пописот од 2023 година, православните христијани во Албанија сочинуваат околу 7 отсто од 2,4 милиони жители на земјата, иако црквата вели дека реалниот број е поголем. Половина од населението на малата земја од Западен Балкан се идентификува како муслиманско, а православните и католичките христијани сочинуваат голем дел од остатокот.

Слични новости
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада
Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на нови 9 години затвор
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера