Денеска, во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИННОФЕИТ, беше свечено отворен ИННОФЕИТ ЕДИХ, првиот Европски дигитален иновациски хаб во Република Македонија.
На настанот во коорганизација на ЕДИХ и Министерството за дигитална трансформација, присуствуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска, високи претставници од Владата, академијата и бизнис секторот.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во својот говор ја истакна важноста на овој проект за унапредување на дигиталната конкурентност на земјата. „ИННОФЕИТ ЕДИХ е првиот ваков Хаб во земјата, поддржан со 60 милиони денари од Владата во наредните 3 години. Тоа јасно покажува дека оваа Влада е посветена на проекти кои ја унапредуваат дигитализацијата и иновациите во нашата земја. ИННОФЕИТ ЕДИХ ќе претставува мост кој ги поврзува најновите технолошки достигнувања со реалните потреби на нашите компании, особено малите и средните претпријатија, како и јавниот сектор,“ изјави министерот Андоновски.
Хабот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Дигитална Европа“ и Владата на Република Македонија. Неговата цел е да го трансформира македонскиот иновациски екосистем и да ја зголемиконкурентноста на малите и средни претпријатија, како и на јавниот сектор.
„Воспоставувањето на овој Хаб е во целосна синергија со Дигиталната агенда на Европската Унија и нејзината визија за Дигитална деценија до 2030 година. Нашата цел е да придонесеме кон амбициозните европски таргети – 75% од компаниите во ЕУ да користат облак технологии, вештачка интелигенција и големи бази на податоци, како и 90% од малите и средни претпријатија да достигнат барем основно ниво на дигитална зрелост. Економскиот момент во кој го лансираме овој Хаб е исклучително важен. Според истражувањата, дигиталната трансформација може да донесе дополнителни 2,8 трилиони евра во бруто додадена вредност на економијата на ЕУ, што е еквивалентно на речиси 21% од сегашната економија на Унијата.“ потенцираше Андоновски.
Настанот вклучи панел-дискусија на тема „Улогата на Европските дигитални иновациски хабови во дигиталната трансформација на општеството“.
Министерот Андоновски потенцираше дека ваквите хабови се само почеток: „Нашата цел е да воспоставиме мрежа на ваков вид центри од различна големина и профил низ целата земја. Тие ќе обезбедат пошироко географско покривање и ќе создадат нови можности за компаниите и младите.“
ИНОФЕИТ ЕДИХ е воден од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со други универзитети, стопански комори и водечки ИКТ компании. Оваа иницијатива ќе биде важна алатка за забрзување на дигиталната трансформација во земјата и регионот.
Слични новости
Минималната кошница ќе ја формираат сикдикатите, ДЗС, ОПМ и министерствата за финансии и за економија
Не е постигнат договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии
Филков ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работна група во Министерството за правда
Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение