Осум лица се повредени во неделата кога 45-годишен маж извикувал „Слободна Палестина“ и фрлил запаливи направи, таканаречени „Молотови коктели“ во толпата во Боулдер, во американската сојузна држава Колорадо, каде што се одржуваше настан на кој се бараше ослободување на преостанатите израелски заложници во Газа, соопштија властите. Напаѓачот беше веднаш приведен.
Четири жени и четири мажи, на возраст од 52 до 88 години, беа однесени во болници, соопшти полицијата во Боулдер. Властите претходно го објавија бројот на повредени на шест и рекоа дека најмалку едно лице е во критична состојба.
„Врз основа на првичните факти, јасно е дека ова е целен чин на насилство и Федералнот биро за истраги (FBI) го истражува ова како чин на тероризам“, изјави Марк Мајкалек, специјален агент на Бирото задолжен за теренската канцеларија во Денвер.

Мајкалек го именуваше осомничениот како Мохамед Солиман, кој беше хоспитализиран кратко време по нападот.
Шефот на FBI, Каш Пател, го опиша нападот како „целен терористички напад“, а главниот обвинител на Колорадо, Фил Вајзер, рече дека се чини дека станува збор за „злосторство од омраза во однос на групата што беше цел“. Шефот на полицијата во Боулдер, Стивен Редфир, рече дека не верува дека некој друг бил вмешан.
„Прилично сме уверени дека го имаме единствениот осомничен во притвор“, рече тој.
Нападот се случи во трговскиот центар „Перл Стрит“, популарен пешачки центар со продавници во близина на Универзитетот во Колорадо, за време на настанот „Трчај за нивните животи“, посветен на привлекување на вниманието кон заложниците земени по нападот на Хамас врз Израел во октомври 2023 година.
Организацијата соопшти дека поворките за заложниците се одржуваат седмично, „без никакви насилни инциденти досега“.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави на X дека е шокиран од „ужасниот антисемитски терористички напад“, опишувајќи го како „чист антисемитизам“.
Нападот се случи во услови на зголемени тензии во Соединетите држави околу војната на Израел во Газа, што предизвика пораст на антисемитските злосторства од омраза, како и потезите на конзервативните поддржувачи на Израел, предводени од претседателот Доналд Трамп, кои го етикетираат пропалестинските протести како антисемитски.
Администрацијата на Трамп го намали финансирањето на елитните американски, во прв ред затоа што ги обвинува дека шират ултрарадикални левичарски идеи и поради тоа што дозволика демонстрации против израелската војна во Газа.
Заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, објави на X дека Солиман го пречекорил рокот на неговата виза и му било дозволено да работи од претходната администрација на демокртите предводени од Џо Бајден. Тој рече дека тоа е уште еден доказ за потребата од „целосен пресврт“ во она што го опиша како „самоубиствена миграција“.
Нападот следеше по апсењето во мај на маж роден во Чикаго кој застрела и уби млада двојка вработени во израелската амбасада во Вашингтон. Пукањето поттикна поларизација во САД околу војната во Газа меѓу произраелските и пропалестинските демонстранти.
Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, изјави на социјалните мрежи дека е „незамисливо еврејската заедница да се соочи со уште еден терористички напад тука во Боулдер“.

Слични новости
Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури
Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.
Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди
Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули
Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица