Најмалку осум лица го загубија животот во најновиот бран напади на Иран врз Израел, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на израелското воено радио.

Претходно организацијата Меган Давид Адом ( Црвената давидова ѕвезда) што е еквивалент на израелскиот Црвен крст извести за жртви во иранското бомбардирање.

Најмалку четворица луѓе загинаа во градот Петах Тиква, пренесува Тајмс оф Израел, а со ракета која предизвикала голема штета е погоден и Бнеј Браку, каде што најмалку едно лице загинало.

Службата за итна помош соопшти дека во болниците биле сместени 92 ранети лица, од кои повеќето имале полесни повреди.

Експлозии одекнувале и во големите израелски градови како Тел Авив и Хаифа.

Иранските удари уследија во текот на ноќта, набргу откако Израел изведе напади врз Иран во кои е убиен шефот на разузнавачката служба на иранските воени сили.

Слични новости

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани. Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство.