Безживотните тела на осум лица биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, откако глисер со бегалци и мигранти се превртел во обид криумчарот да побегне од патролен брод, а лицата кои се превезувале паднале во море
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, спасени се 18 лица, а несреќата се случила кога оној кој управувал со глисерот изгубил контрола, откако со опасни маневри се обидел да побегне од патролен брод, што резултирало бегалците и мигрантите да паднат во море.
Спасувачката акција на службата е во тек со три патролни брода, а од воздух учествува хеликоптер на военото воздухопловство.
Слични новости
Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас
Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија
Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија