„Oсумте пациенти кои вчера пристигнаа во Србија имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, а троцја од нив се интубирани“, изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.

Тој рече дека изгорениците зафатиле до 25 отсто од нивните тела, а од осумте транспортирани, седум биле примени „под услови на операциона сала“.

„Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време“, додаде Стојичиќ.

„Општата состојба на осмиот пациент кој беше примен на респитар е се уште сериозна“, нагласи директорот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија на Клиничкиот центар на Србија.

Во Србија 29 тешко повредени лица се згрижени и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клинички центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

 

Слични новости

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството