Израелските воздушни напади врз Појасот Газа, во кои во вторникот загинаа повеќе од 400 луѓе, наидоа на остра осуда од Обединетите нации и некои земји, кои стравуваат дека кревкиот двомесечен прекин на огнот може да доведе до нова спирала на насилството.

Израел рано во вторникот ги обнови воздушните напади врз Газа, при што загинаа повеќе од 400 луѓе, соопштија палестинските здравствени власти, со што е прекршен двомесечниот прекин на огнот со милитантното палестинско движење Хамас, кое раководи со енклавата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е „шокиран од израелските напади“ во Газа, изјави во вторникот портпаролот на светската организација.

„Тоа бара да се почитува прекинот на огнот, да се врати непречената хуманитарна помош и да се ослободат преостанатите заложници безусловно“, рече Гомез на брифинг со новинарите во Женева.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека е згрозен од нападите.

„Згрозен сум од синоќешните израелски воздушни напади и гранатирање во Газа, во кои загинаа стотици луѓе, според Министерството за здравство во Појасот. Тоа е нова трагедија на врвот на веќе постоечката трагедија“, се вели во соопштението на високиот комесар Фолкер Турк.

„Израелското прибегнување кон уште поголема воена сила само ќе ги продлабочи страдањата на палестинското население, кое веќе страда во катастрофални услови“, додаде тој.

Кремљ соопшти дека е загрижен поради големиот број цивилни жртви и се надева дека мирот ќе се врати.

„Ова несомнено е уште едно влошување на ситуацијата (во Газа) и уште една ескалација што предизвикува нашата загриженост. Извештаите за тешки цивилни жртви се особено загрижувачки“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кина е „крајно загрижена“ и се надева дека сите страни ќе го поддржат ефективно спроведување на прекинот на огнот, изјави во Пекинг портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг. Таа додаде дека страните треба да избегнуваат дејствија кои можат да ја ескалираат ситуацијата и да предизвикаат хуманитарна катастрофа од поголеми размери.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на почетокот на овој месец истакна дека Појасот Газа им припаѓа на Палестинците. „Насилната промена на овој статус само ќе донесе „нов хаос“, посочи тој.

Египет „остро“ ги осуди израелските напади, нарекувајќи ги „флагрантно кршење“ на прекинот на огнот, соопшти Министерството за надворешни работи. Нападот е „опасна ескалација која се заканува со сериозни последици за стабилноста на регионот“, се вели во соопштението.

Турција изјави дека нападите на Израел врз Газа претставуваат „нова фаза во политиката на геноцид“ врз Палестинците и ја повика меѓународната заедница да заземе решителен став за да обезбеди почитување на прекинот на огнот и доставување хуманитарна помош.

Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се вели дека е неприфатливо Израел да предизвика „нов циклус на насилство“ во регионот, додавајќи дека „непријателскиот пристап“ на израелската влада ја загрозува иднината на Блискиот исток.

globe

Слични новости

EK ќе претстави план за спротивставување на Русија

EK ќе претстави план за спротивставување на Русија

Се очекува Европската комисија во среда да претстави конкретен план до земјите-членки на ЕУ за тоа како, според неа, да се спротивстави на актуелните закани од Русија и другите агресивни актери, се вели во нацрт-документот во кој увид имала германската новинска агенција dpa

Украина поддржува прекин на нападите врз руската енергетска инфраструктура, изјави Зеленски

Украина поддржува прекин на нападите врз руската енергетска инфраструктура, изјави Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека Украина ќе го поддржи предлогот на САД за запирање на нападите врз руската енергетска инфраструктура и дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин