Дел од лекарската фела со остри критики на адреса на Фондот, по најавите за намалување на деновите за боледување од 7 на 5. Велат, времетраењето треба да го диктира дијгнозата, а не административни протоколи.
Не се против контрола, но се сомневаат во квалитетот на проценка на комисиите. Лекарите имаат голем број забалешкима одлуката на Фондот за здравство.
Клучниот системски пропуст, според лекарската фела, е целосното исклучување на медицината на трудот од процесот на одлучување.
Од лекарската комора нема да ја коментираат одлуката на фондот, се додека не го добијат правилникот. Мислењето ќе го кажат откако ќе го анализираат документот.
Слични новости
Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка
По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши
Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна останува во сила, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност.


