Побарувачката на германски електрични и дигитални производи остро падна во 2024 година и е најголемиот проблем за компаниите во овој сектор, објави во понеделникот здружението ZVEI.
Нарачките паднаа за 9,6 отсто минатата година, објави Здружението за електрични и дигитални индустрии. Декември бил особено тежок, со пад на нарачките за 19,5 отсто во споредба со крајот на 2023 година.
Падот на домашните нарачки бил значително поголем од оние од странство, одржувајќи ја лошата состојба на домашната економија.

Недостигот од нарачки ги мачи дури 54 отсто од компаниите во секторот, а само 10 отсто од нив имаат проблеми со недостиг на квалификувани работници и материјали, изјави економистот на ZVEI, Андреас Гонтерман.
Секторот вработува речиси 900.000 работници, според здружението.
Приход на компаниите во секрото минатата година паднал за 6,2 отсто во споредба со рекордната 2023 година, на 223,2 милијарди евра. Вредноста на производството реално се намали за 9,1 отсто.
Во 2025 година би требало да се намали за два отсто, според сегашните проценки на ZVEI.
Слични новости
Инфлацијата во ЕУ и еврозоната забави во февруари
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HIPC), кој овозможува споредби меѓу земјите-членки, во февруари изнесуваше 2,7 отсто. Во јануари цените на ниво на ЕУ се зголемени за 2,8 отсто
Европските и американските берзански индекси се во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад додека пазарите ја очекуваат важната одлука на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, која ќе биде соопштена вечерва во 1900 часот
Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата
Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија