Цените на акциите остро паднаа на европските берзи во понеделник во претпладневното тргување, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека реципрочните царини што ќе ги воведе следните денови ќе ги опфатат сите земји.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше во минус за 1,2 отсто, а Лондонскиот FTSE индекс падна за 0,98 отсто на 8.576 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,09 отсто на 22.217 поени, а париски CAC 1,8 отсто на 17,81 отсто.

Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI беше намален за 1,9 отсто во истиот временски пресек од тргувањето како и во Европа. Јапонскиот индекс Nikkei потона за повеќе од 4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,5 и 3 отсто.
Остриот пад на индексите е резултат на пораката на Трамп во неделата дека реципрочните царини, кои ќе ги објави оваа недела, ќе ги опфатат сите земји. Ова ги потресе пазарите бидејќи Белата куќа неодамна соопшти дека новите царини ќе важат само за помала група од 10 до 15 земји со кои САД имаат најголеми трговски нерамнотежи, дека ќе има исклучоци и дека тарифите можеби нема да бидат толку високи како што беше најавено.
Се очекува Трамп да го прими предлогот за царини од американските трговски претставници во вторник и да го претстави планот за имплементација во среда, кога ќе стапат на сила и царините од 25 отсто за увоз на автомобили.
Бидејќи многу земји, вклучувајќи ги Кина, Канада и Европската унија, најавија контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на тарифната војна, што може да предизвика пораст на инфлацијата и негативно да влијае на меѓународната трговија и глобалниот економски раст.
Како резултат на тоа, американските термински индекси S&P 500 и Nasdaq претпладневно се во пад меѓу 0,6 и 1,2 проценти.
Акциите се под притисок бидејќи инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции и бараат безбедно засолниште за капитал во побезбедни инвестиции, како што се државните обврзници и одредени валути.
„Првпат по повече години загрижени сме за поризичните капитали. Доколку овој политички хаос и трговските војни се влошат, ќе се зголеми ризикот од рецесија во најголемите економии. Првпат по низа квартали, повеќе се свртуваме кон инвестициите со фински приноси, а помалку кон акциите“, вели Аџаи Раџаддикакша, дирекор за пазарите во банката „Barclays“.
Слични новости
Цените на нафтата блиску до 75 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија
Италијанската „illy“ размислува за печење кафе во САД
Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба