Цените на акциите на европските берзи во четвртокот претплането остро паднаа, најмногу во автомобилскиот сектор, откако Вашингтон најави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на автомобили.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за околу 1 процент во првиот дневен пресек од тргувањето и падна на најниско ниво во последните две седмици. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,60 отсто, на 8.635 поени, додека франкфуртски DAX потона за 1,53 отсто, на 22.488 поени, а париски CAC за 1,23 отсто, на 7.930 поени.

Најмногу утрово паднаа цените на акциите во автомобилскиот сектор, над 3 отсто. Во исто време, цените на „Volvo“, „Continental“, „Volkswagen“, „BMW“ и „Porsche“ потонаа меѓу 2,5 и 4,2 отсто.
Германскиот министер за економија и автомобилската асоцијација на земјата остро ги критикуваа новите царини и предупредија дека тие можат да им наштетат и на европската и на американската економија. Тие повикаа на итни преговори за да се избегне спирална трговска војна.
Цените на акциите паднаа и на повеќето азиски берзи. Индексот на азиските акции MSCI беше во минус од 0,3 отсто во истиот момент од тргувањето како и во Европа. Меѓутоа, во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 0,6 отсто.
Падот на индексите најмногу се должи на падот на цените на акциите на производителите на автомобили, откако синоќа американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од 2 април ќе воведе царини од 25 отсто за сите возила што не се произведуваат во САД. Аналитичарите велат дека ова најмногу ќе ги погоди Европската унија, Јапонија и Јужна Кореја.
ЕУ, Канада и Јапонија веќе најавија контрамерки, а во наредните денови се очекуваат нови одлуки од Вашингтон, со оглед на тоа што Трамп неодамна најави дека од 2 април ќе воведе реципрочни царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царини за увоз на американски производи.
Слични новости
Зајакнува доларот, це ната на нафтата паѓа
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во претпладневното тргување во четвртокот
Остар скок на Волстрит по одложувањето на царините
На Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 отсто во средата, што е негов најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителни, реципрочни царини за сите земји освен за Кина.
Можноста од американско-кинеска трговска војна ја потона нафтата на 59 долари
Цените на нафтата паднаа на 59 долари на меѓународните пазари во средата, откако Кина возврати на зголемените американски царини, поттикнувајќи ги стравувањата од трговска војна што ќе ја забави глобалната економија и побарувачката на енергенси