На Волстрит, индексот S&P 500 драстично падна во четвртокот, спуштајќи се во територијата на корекција, бидејќи инвеститорите стравуваат дека царинската војна на САД на повеќе фронтови ќе ја поттикне инфлацијата и ќе доведе до рецесија.

Индексот Dow Jones падна за 1,30 отсто, на 40.813 поени, додека S&P 500 падна за 1,39 отсто на 5.521 поен, а индексот Nasdaq за 1,96 отсто, на 17.303 поени.

По вчерашниот пад, S&P 500 му се придружи на Nasdaq индексот на територијата на корекција, што значи дека падна за повеќе од 10 отсто под рекордното ниво, достигнато во февруари.

Ден претходно, индексите благо пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од малото олеснување на инфлацијата во САД. Сепак, инфлацијата би можела да се зголеми во наредните месеци, имајќи предвид дека американскиот претседател Доналд Трамп води трговска војна на повеќе фронтови – со Канада, Мексико, Кина, Европската унија…

Вчера повторно се разгореа искри меѓу Вашингтон и Брисел. Откако на почетокот од седмицата стапија на сила царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД, Европската комисија најави контрамерки. Меѓу другото, царини од 50 отсто за увоз на американско виски. Како одговор, Трамп вчера се закани со царини од 200 отсто за увоз на европски вина и алкохолни пијалоци.

Покрај тоа што ескалацијата на царинската војна може да ја зголеми инфлацијата, инвеститорите стравуваат дека тоа негативно ќе влијае на меѓународната трговија и на економскиот раст.

„Расположението е лошо. Секој ден има некои вести за царинити и тоа врши притисок врз пазарот. Ситуацијата воопшто не е добра“, вели Мајк Диксон, директор во компанијата „Horizon Investments“.

Цените на акциите вчера паднаа и на повеќето европски берзи. Иако лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,02 отсто, на 8.542 поени, франкфуртски DAX се лизна за 0,48 отсто, на 22.567 поени, а париски CAC за 0,64 отсто, на 7.938 поени.

globe

Слични новости

BMW чекува царински трошоци од милијарда евра

BMW чекува царински трошоци од милијарда евра

Царинити ќе го чинат BMW милијарда евра оваа година, изјави во петокот извршниот директор на германскиот производител на луксузни автомобили Оливер Зипсе, наведувајќи ги трошоците за европските царини за електричните автомобили од кинеско производство и американските царини за увоз на челик и алуминиум

Златото над 3.000 долари

Златото над 3.000 долари

Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

На европските берзи во петокот претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, бидејќи инвеститорите се загрижени за царинската војна меѓу САД и Европската унија, додека индексите се на пат да остварат седмични загуби