На Волстрит во четвртокот берзанските индекси забележаа најголем дневен пад во повеќе од еден месец, што е главно резултат на остриот пад на цените на акциите на „Nvidia“ и голем број други големи технолошки компании.

Индекост Dow Jones се лизна за 1,65 отсто, на 47.457 поени, додека S&P 500 потона за 1,66 отстои, на 6.737 поени, а индексот Nasdaq за 2,29 отсто, на 22.870 поени.

Технолошкиот сектор беше под најголем притисок вчера, што се случуваше често последните седмици, бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените на акциите во тој сектор се превисоки.

Овој сектор расте силно долго време, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, но сега некои инвеститори веруваат дека цените на технолошките акции се преценети, па затоа го префрлаат капиталот од него во други сектори.

Вчера акциите на „Nvidia“, „Broadcom“ и „Tesla“, меѓу другите компании, изгубија меѓу 3,6 и 6,6 отсто.

„Постои голема неизвесност во врска со состојбата на американската економија. Минуваме низ мала корекција на пазарот во секторот за вештачка интелигенција, а исто така гледаме и ротација на капиталот на пазарот“, коментирапе Питер Кардиљо, економист во компанијата „Spartan Capital Securities“.

Пазарот е негативно погоден и од неизвесноста околу каматните стапки. До неодамна, инвеститорите беа уверени дека американската централна банка Федералните резерви (Fed) дополнително ќе ги намали каматните стапки за 0,25 отстотни поени на состанокот во декември.

Сепак, ова станува сè помалку сигурно, бидејќи многу челници на Федералните резерви претпазливо велат дека инфлацијата е сè уште далеку над целното ниво од околу 2 отсто.

А како точно се движи инфлацијата во САД е непознато, исто како што другите економски индикатори не беа познати последните седмици, бидејќи федералните служби не работеа од почетокот на октомври.

Тие повторно се отворија вчера по рекордно 43-дневно затворање, а се очекува објавувањето на официјалните економски податоци да се нормализира во наредните недели.

„Фундаменталното прашање е дали инфлацијата зголемена од зголемувањето на царините е привремена и еднократна. Затоа претставниците на Фед не се сигурни за понатамошно намалување на каматните стапки“, објаснува Џејк Долархајд, аналитичар во компанијата „Longbow Asset Management“.

Европските берзи, исто така, паднаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 1,05 отсто на 9.807 поени, додека франкфуртскиот DAX ослабе за 1,39 отсто на 24.041 поен, а парискиот CAC загуби 0,11 отсто на 8.232 поени.

globe

Слични новости

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse