На Волстрит, берзанските индекси значително паднаа во четвртокот поради остриот пад на цената на акциите на технолошкиот гигант „Nvidia’, забавувањето на американскиот економски раст и стравувањата од царинска војна.
Индексот Dow Jones падна за 0,45 отсто, на 43.239 поени, додека S&P 500 потона за 1,59 отсто, на 5.861 поени, а индексот Nasdaq за 2,78 отсто, на 18.544 поени.
Индексите S&P 500 и Nasdaq беа под притисок бидејќи цената на акциите на „Nvidia“ паднаа за 8,5 отсто, откако најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција објави деловен извештај. Финансиските резултати на овој технолошки гигант беа во согласност со очекувањата, но се чини дека разочараа некои инвеститори кои се надеваа на уште подобри резултати.

„Заработката на компанијата е добра, но не толку импресивна како во претходниот период“, вели Скот Велч, директор во компанијата „Certuity“.
Како резултат на тоа, цените на акциите на другите производители на чипови, како што се „Broadcom“ и AMD, исто така драстично паднаа, што предизвика индексот на секторот за полупроводници да потоне за повеќе од 6 проценти.
На пазарот негативно влијаеа и низа макроекономски податоци кои укажуваат на слабеење на американската економија.
„На стравот од инфлација му се придружи стравот од слабеење на економијата, па акциите се под притисок“, вели Мајкл Грин, стратег во „Simplify Asset Management“.
За неизвесноста придонесуваат и пораките од американскиот претседател Доналд Трамп. Вчера Трамп рече дека царинитее за увозот од Канада и Мексико сепак ќе стапат на сила следната седмица, откако ден претходно изјави дека наскоро би можел да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската унија. Бидејќи Европската комисија најави брза и решителна реакција, инвеститорите стравуваат дека на повидок е тарифна војна, што може негативно да се одрази на растот на овие земји, како и на целата глобална економија.
Цените на акциите вчера паднаа и на повеќето европски берзи. Иако лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,28 отсто, на 8.756 поени, франкфуртски DAX се лизна за 1,07 отсто, на 22.560 поени, а париски CAC за 0,51 отсто, на 8.102 поени.
Слични новости
Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп
Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.
Благ пораст на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови