Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна останува во сила, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност.

„Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан“, рече денеска директорот на агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Миланов информира дека и денеска продолжуваат активностите на инспекциските служби преку спроведување контроли над операторите со храна во Гостиварско.

 

Слични новости