Андриј Ермак, вториот најмоќен човек во Украина, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски и негов сојузник кој го водеше тимот за мировни преговори во Украина, поднесе оставка во петокот, неколку часа откако агенти за борба против корупцијата го претресоа неговиот дом.
Педесет ичетиригодишниот Ермак е близок пријател на Зеленски од времето кога украинскиот претседател беше ТВ комичар. Тој му помогна во неговиот успешен политички подем, кој му овозможи да ја освои власта како политички аутсајдер во 2019 година. Една година подоцна, тој ја презеде функцијата шеф на кабинетот а Зеленски и имаше клучна улога во мировните преговори со Русија и САД.
Ермак, адвокат по професија, не е именуван како осомничен во скандалот со корупција, но пратениците од опозицијата, вклучително и некои од партијата на Зеленски – Слуга на народот, побараа негово заминување поради најлошата политичка криза во Украина од почетокот на војната.
Ермак потврди претходно во петокот дека властите го претресуваат неговиот стан и дека тој целосно соработува со истражителите.
Опозициската партија Европска солидарност во петокот издаде соопштение во кое повикува на заминување на Ермак и отстранување од преговарачкиот тим, како и на нова коалициска влада и разговори со Зеленски.
„Прашањето за мирот и судбината на Украинците не можат да зависат од личните ранливости и уништените репутации на политичарите вклучени во корупциски скандал“, се вели во соопштението.
Напредокот во борбата против ендемската корупција на која не е имуна и власта на Зеленски е клучен елемент на амбициите на Украина за членство во Европската унија, што Киев го смета за клучно за излегување од орбитата на Русија.
Двете антикорупциски агенции кои имаа проблеми и од претходната и од сегашната власт во Киев, ги засилија своите напори последните месеци по инсистирање во прв ред на САД, но повторно истакнаа дека се соочуваат со притисок од различни интересни групи.
Зеленски накратко ја укина нивната независност минатиот јули, но ја поништи одлуката по протестите на Украинците и критиките од меѓународната заедница.
Зеленски рече дека ќе го разгледа наследникот на Ермак во сабота. Заминувањето на неговиот сојузник доаѓа во време на тешка воена ситуација за Киев и мировните преговори предводени од САД.
„Русија многу сака Украина да прави грешки. Нема да има грешки од наша страна. Нашата работа продолжува“, “, рече Зеленски во петокот.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


