Американските власти веруваат дека авганистански имигрант обвинет за нападoт врз припадниците на Националната гарда во Вашингтон бил радикализиран дури откако пристигнал во земјата, изјави во неделата министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем.

Ноем изјави за NBC и ABC дека властите веруваат дека осомничениот напаѓач, Рахманула Лаканвал, веќе живеел во Вашингтон кога бил радикализиран. Истражителите бараат дополнителни информации од неговото семејство и други, додаде Ноем.

Властите го идентификуваа 29-годишниот Лаканвал како осомничен за пукањето во близина на Белата куќа во средата, во кое загина една припадничка на Националната гарда, а еден гардист е критично ранет. Администрацијата на Трамп оттогаш го критикуваше недостатигот на проверка на Авганистанците и другите странски државјани за време на поранешниот претседател Џо Бајден, иако на Лаканвал азил му е одобрен на почетокот од мандатот на Трамп а постапката сепак почната во времето на негивиот претходник.

Трамп им рече на новинарите во неделата дека неговата администрација може да го суспендира доделувањето азил до понатамошно известување.

„Нема временска рамка, но може да потрае долго“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Air Force One“. „Имаме доволно проблеми. Не ги сакаме овие луѓе“, додаде тој.

Лаканвал влегол во САД во 2021 година како дел од масовната хаотична евакуација на Авганистанци кои им помагале на американските сили за време на 20-годишната окупација на Авганистан, по што талибаните ја презедоа власта. Администрацијата на Трамп му додели азил во април, според владин документ што го виде Reuters.

Коментарите на министерката Ноем сугерираат дека Лаканвал, кој бил дел од единица поддржана од Централната разузнавачка агенција (CIA) во Авганистан, можеби го прифатил екстремизмот откако дошол во САД.

„Веруваме дека тој е радикализиран откако е тука во оваа земја“, изјави Ноем за NBC News.

„Веруваме дека тоа се случило преку врски во неговата заедница и федералната држава и ќе продолжиме да разговараме со оние кои биле во контакт со него, членовите на неговото семејство“, додаде министерката.

Ноем рече и дека американските власти успеале да добијат „одредена соработка“ од луѓе кои го познавале Лаканвал и предупредија дека САД ќе го гонат секој што е поврзан на кој и да е начин со пукањето.

„Секој што има информации за ова треба да знае дека ќе дојдеме по вас и ќе ве изведеме пред лицето на правдата“, рече Ноем.

По нападот во средата, администрацијата на Трамп презеде чекори за делумно ограничување на легалната имиграција, вклучително и замрзнување на обработката на сите барања зааазил.

Ноем во неделата изјави дека службениците за имиграција ќе разгледаат депортација на луѓе кои чекаат азил доколку е потребно. „Ги проверуваме сите лица кои поднеле барање за азил“, рече таа.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе