Шефот на швајцарската организација за право на смрт Dignatis почина со потпомогнато самоубиство, соопшти групата во неделата.
Лудвиг Минели, кој ја основа групата во 1998 година, починал во саботата само неколку дена пред својот 93-ти роденден, соопшти организацијата, додавајќи дека тој „ќе продолжи да го води и развива здружението во духот во кој го основал нејзиниот основач – како професионална меѓународна организација за самоопределување и слобода на избор и во животот и на крајот од животот“.
Минели, адвокат по професија, се соочи со бројни правни предизвици и поднесе неколку успешни жалби до Врховниот суд на Швајцарија и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Груптата Dignitas изјави дека нивната работа имала трајно влијание врз швајцарското право, посочувајќи на пресудата на ЕСЧП од 2011 година со која се признава правото на поединецот сам да одлучи како и кога да го заврши својот живот.
Швајцарскиот закон не дозволува евтаназија, во која лекар или друго лице му дава смртоносна инјекција на пациентот.
За разлика од евтаназијата, потпомогнатото или асистираното самоубиство, што значи дека лицето кое изразило желба да го заврши својот живот самото извршува самоубиство, е легално со децении но под два услова. Не смее да има никаква полза за лицето кое помага во самоубиството и пациентот мора свесно да ја донесе одлуката.
Швајцарските лекари потпишуваат смртоносен коктел ако лицето е терминално болно, страда од неподнослива болка или драстично намален квалитет на живот што му предизвикува големо страдање. Пациентот мора да биде во можност самиот да ја земе смртоносната доза.
За разлика од слични организации во Швајцарија, Dignitas, која, според сопствените податоци, има повеќе од 10.000 членови, ги нуди своите услуги и на луѓе кои живеат надвор од земјата.
Слични новости
Џуди Денч отворено призна дека видот и е толку влошен што веќе не може да препознае никого
На Оскаровката претходно и беше дијагностициран макуларна дегенерација поврзана со нејзината возраст. Мајо клиниката соопшти дека оваа болест предизвикува заматена глетка или намалена видливост и се случува кај луѓе над 50 годишна возраст.
„Зоотопиа 2“ заработи фантастични 556 милиони долари за пет дена прикажување
Секвелот на Дизни -анимираниот филм „Зоотопиа 2“ заработи 156 милиони долари за празничниот викенд во Америка и дополнителни 400 милиони долари надвор од САД за фантастичен резултат од премиерната недела на Бокс Офисот од 556 милиони долари.
Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели
Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација


