Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299.
Најмногу кандидати има за градоначалник на главниот град Скопје, вкупно 16, од кои само една жена. Постоа следат Прилеп и Струга по девет и Битола осум кандидати.
На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите.
Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2025, 89,64 проценти се мажи, а 10,35 отсто се жени, што е мало подобрување, затоа што во 2021 процентот на жените изнесуваше 8 проценти.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


