Големото холивудско студио Ворнер Брос кое Нетлфикс сака да го откупи заедно со многу богатата филсмка архива, годинава доби дури 30 номинации за оскар, што филмските критичари го опишаа како достигнување достојно „за да ви падне вилицата“.

Најмногу номинации дури 16 што е рекорд во историјата на Оскарите освои зомни -хоророт „Грешници“, а фаворитот за филм на годината „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со Леонардо Ди Каприо доби 13 номинации.

Ворнер силно го посакува Оскарот за филм на годината, но конкуренцијата е жестока, бидејќи тука е прекрасниот уметнички филм „Франкештајн“ на Гиљермо дел Торо во продукција на Нетфликс, а еден од фаворитите е и норвешкиот „Сентиментална вредност“.

 

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.