Годинашното издание на Оскарите привлече помала гледаност отколку минатата година. Според рејтинзите што ги објави агенцијата Нилсен, шоуто на кое домаќин беше Конан О’ Брајен, имаш просечна гледаност од околу 18 милиони луѓе. За прв пат преносот од Оскарите имаше и стрим во живо на платофмата Хулу.

Падот на гледаноста на Оскарите годинава е за околу 7 проценти, а шоуто во 2024 просечно го гледаа 19,5 милиони Американци. Она што се истакнува како позитивно е дека шоуто годинава го гледале поголем број на млади гледачи.

Оскарите, стандардно се најгледаното шоу, а зад нив по гледаност е доделата на Греми наградите која годинава во просек ја следеа 15,4 милиони гледачи.

Слични новости

Џин Хекман починал една недела по неговата сопруга, а обајцата починале од природна смрт утврди истрагата

Џин Хекман починал една недела по неговата сопруга, а обајцата починале од природна смрт утврди истрагата

Легендарниот холивудски глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.