Пензионерите од целата држава денеска на протест пред Уставниот суд во Скопје го изразија својот револт од најавеното укинување на линеарното покачување на пензиите.

Протестот доаѓа откако Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој го регулира линеарното зголемување.

„Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и за лекови. Не го зборуваме ова против власта. Ова го зборуваме за Македонија еднаш да биде обединета. Доста е со поделби. Не за џабе викаат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен“, рече Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата.

Тој најави дека нема да протестираат само пред Уставниот суд, односно, на протестот на 10 декември ќе појдат и пред Канцеларијата на Европската унија.

„За првпат се крева гласот на пензионерите. Доста беше со процентуално зголемување на пензиите од 600- 700 денари. Ќе немаме за леб, ако се случи да биде процентуално. Јазот меѓу најголемата и најмалата пензија беше 1 према 4, сега е 1 према 7 и само ќе се зголемува. Доста е пензионерите да бидат поделени“, посочи Трајков.

Пензионерите порачаа дека имаат минимални пензии затоа што се жртви на транзицијата, без платени придонеси и се борат за опстанок.

Сите треба да се запрашаат зошто некои пензионери на следното покачување ќе земат по 700-800 денари плус, а други по 3.000-4.000 денари, велат тие.

Покрај линеарното усогласување, групата пензионери бара и воведување К-15, покачување на посмртнината од 35 000 на 50 000 денари, воведување пензионерска картичка.

Зоран Трајков најави дека протестите ќе продолжат и дека на 10 декември ќе појдат и пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

Пензионерите минатата година и во март годинава веќе добија линеарно покачување на пензиите од по 2 500 денари, а во септември годинава добија дополнителни 1 000 денари на картичка. Според досегашните најави, во март следната година треба да следи ново линеарно усогласување од 1 000 денари.

Пензионерите минатата година и во март годинава добија линеарно покачување на пензиите од по 2.500 денари, во септември добија по 1.000 денари и во март 2026 година треба да добијат  уште по 1.000 денари.

Уставниот суд на 20 ноември поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој беше воведено линеарно зголемување на пензиите. Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Судот ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано.

globe

Слични новости

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило