Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.
Орландо го реши натпреварот уште во првото полувреме, по кое водеше со дури 31 коша разлика.
Најзаслужни за победата на Орландо беа Банкеро и вагнер со 25 и 23 коша.
Орландо Меџик во првото коло на плеј офот на Истокот ќе игра против првопласираниот Деторит.
Слични новости
Нов трипл-дабл на Јокиќ во седмата последователна победа на Денвер
Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска ги победија Јута Џез со 130:117 и така ја запишаа седмата последователна победа во низа, во борбата за што подобар пласман во западната конференција.
Рекорд на Лука Дончиќ во победата на Лејкерс против Кливленд
Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Словенецот Лука Дончиќ кој постигна 42 коша. Дончиќ стана и играч на Лејкерси со најмногу поени во еден месец, уривајќи го рекордот на легендарниот Кобе Брајант.
Италија, Данска, Косово и Полска без пласман на Светското првенство, се пласираа Босна, Ќешка, Турција и Шведска
Италија го пропушта и третото Светско фудбалско првенство во низа, што е најголемото изненадување од баражите за пласман на Мундијалот. Тие синоќа во Зеница загубија на пенали од Босна и Херцеговина.


