Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.
Орландо го реши натпреварот уште во првото полувреме, по кое водеше со дури 31 коша разлика.
Најзаслужни за победата на Орландо беа Банкеро и вагнер со 25 и 23 коша.
Орландо Меџик во првото коло на плеј офот на Истокот ќе игра против првопласираниот Деторит.
Слични новости
Манчестер сити -Нотингем Форест 2:2 што може да биде клучен кикс во борбата за титула
. Капитенот на Сити Бернардо Силва против натпреварот беше огорчен на судиите и изјави дека не бил досуден чист пенал врз Халанд. Силва рече и дека сите ситуации што се 50-50, судиите ги свират против Сити.
Кливленд го победи Детроит во дербито на Истокот на НБА
Кливленд Кавалиерс на домашен терен го победија водечкиот Детроит Пистонс so 113:109, иако настапија без својот најдобар стрелец Донован Мичел.
Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето
Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.


