Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.

Орландо го реши натпреварот уште во првото полувреме, по кое водеше со дури 31 коша разлика.

Најзаслужни за победата на Орландо беа Банкеро и вагнер со 25 и 23 коша.

Орландо Меџик во првото коло на плеј офот на Истокот ќе игра против првопласираниот Деторит.

 

Слични новости

Почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман

Почина легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман

Легендарниот американски кошаркарски тренер Рик Аделман денеска почина во 79-тата година од животот, објави НБА лигата. Аделман е член на кошаркарската куќа на славните, а во тренерската кариера два пати играше во финалето на НБА лигата со Портланд.

Сан Антонио стана шампион на Западот во НБА и ќе игра во големото финале со Њујорк

Сан Антонио стана шампион на Западот во НБА и ќе игра во големото финале со Њујорк

Сан Антонио со победа во седмиот решавачки натпревар од серијата со Оклахома на гостински терен направи брејк, ја освои титулата шампион на западната конференција и се пласираше во финалето на НБА лигата.