Кошаркарите на Орландо кои изборија плеј оф учество како осми на истокот утринава го победија фаворитот на Истокот првопласираниот Детроит на гостински терен со 112:101 во првото коло од плеј офот.

Орландо до победата ги предводеше Паоло Бјанкеро со 23 коша, 9 асистенции и 4 скока. Франц Вагнер постигна 19, а Дезмон Бејн 17 коша за Орландо. Кај Пистонски најдобар беше Кејд Канингем со 39 поени, недоволни Детроит да го избегне поразот.

На западот без Сан Антонио на домашен терен очекувано го победи Портланд со 111:98, а во своето плеј оф деби Виктор Вембенјама постигна 35 коша. Кај гостите најдобар беше Дени Авдија со 30 поени.

Слични новости