Неконвенционалната адаптација на делото „Оркански висови“ на Емили Бронте на режисерот Емералд Фенел е прв на американскиот Бокс Офис за празничниот викенд „Валентиново“ во САД.  

Филмот на Ворнер заработи околу 40 милиони долари во САД и 42 милиони долари на глобалните пазари за тотална заработка од 82 милиони долари во премиерниот викенд.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за Оскар за филмот Франкештајн. Филмот, сепак не доби добри оценки од критиката и публиката.  

На второ место на Бокс Офисот е анимираниот филм ГОАТ на Сони кој во САД заработи 32 милиони долари, а глобално околу 16 милиони.

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај