Жрепката за годинешното Европско првенство во кошарка беше одржана во летонскиот главен град Рига. Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември годинава во Летонија, Финска, Кипар и Полска.

 

Носители на групите беа репрезентациите на Србија, актуелниот европски првак Шпанија, актуелниот светски првак Германија и олимпискиот вицешампион Франција.

Така, во Рига – Летонија, Србија, Чешка, Турција, Естонија и Португалија ќе играат во групата А, додека во Тампере во групата Б ќе се најдат Германија, Литванија, Црна Гора, Финска, Велика Британија и Шведска.

Во групата Ц, чиј домаќин е Лимасол на Кипар, ќе играат Шпанија, Грција, Италија, Грузија, Босна и Херцеговина и Кипар, додека во групата Д во Катовице ќе играат Франција, Словенија, Полска, Израел, Белгија и Исланд.

По пет кола од групната фаза, првите четири екипи од секоја од четирите групи ќе се пласираат во осминафиналето.

globe

Слични новости